Вести Македонија Став Топ теми Ударни вести

Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Сподели:

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.

Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување.

Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност.

Сподели: