Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба уште 14 дена

 

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција, по седницата на Советот за безбедност,  изјави дека ќе потпише нова одлука за прогласување вонредна состојба, и таа ќе трае 14 дена.

„Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата додека за изборите ќе се разговара на нова лидерска средба следната седмица”, изјави претседателот. Тој нагласи дека има најави за потпишување аранжман со ЕБРД и дека тоа е една од основните причини поради која се продолжува вонредната состојба, како и поради потребата да се донесат уредби со законска сила, во ситуација кога парламентот не заседава.

Втората одлука на Пендаровски за вонредна состојба во земјава истекува утре.

Сподели: