Продукцијата за Стенд Ап Комедија “ЗЛАТЕН ЗАБ” реализира успешна соработка со Искра на ТВ Алфа

Сподели

 

Познатите македонски стенд ап артисти како: Ивана Наскова, Бојан Велевски, Владислав (Влад) Илиќ, Ненад (Шиља) Стефановски,  како и мега популарните комичари од  регионот: Драган Маца Маринковиќ, Срѓан Олман, Неша Бриџис, Пеѓа Бајовиќ, Хазим Мујчиновиќ гостуваа во живо од нивните домови во најзабавната емисија во овие времиња  и карантински услови “Добар ден секој ден” одговарајќи на секакви комични предизвици во нивен стил.

 

 

Се шегуваа на разни теми  меѓу кои беше и “Зошто Ивана нема маж” а колегите комичари распишаа конкурс за нејзин младоженец,  како се изговара името на стенд ап артистот од Тузла Хаааааазим,  пееја на македонски јазик и какви не други лудории.

 

Ултра харизматичната и духовита водителка Искра слободно може да се каже дека може да им биде колешка на овие познати стед ап комичари со нејзиниот смисол за хумор.      Следуваат гостувања на: Марјан Ѓорѓиевски, Душан Варничиќ, Андрија Дабановиќ, Срѓан Јовановиќ, Андреј Тежак Тешки, Семир Гициќ, Милош Радојковиќ, Марко Пуљиз, Радомир Несторовиќ и уште многу други познати комичари од Македонија, Србија, Војводина, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

 

 

Воедно видеата на сите овие стенд ап артисти можете да ги погледнете на веб страната на златен заб: www.zlatenzab.mk/media, на апликацијата за паметни уреди или во живо оваа година учествувајќи на фестивалот на комедијата во организација и продукција на Златен Заб.