Претседателот Пендаровски му го врачи мандатот за состав на Влада на Заев

мета.мк
Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска, точно на пладне, му го врачи мандатот за состав на нова Влада на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Зоран Заев.

„Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави претседателот Пендаровски.

-” Чест и одговорност ми е што, согласно уставот, како СДСМ и коалицијата „Можеме“ која освои најмногу места, од претседателот Пендаровски го добивам мандатот за демократска, политичка одгворна, европска влада, со институции што уште повеќе ќе им служат на грѓаните. Во овој период од 20 дена мора да составиме програма која парламентарното мнозинство ќе ја изгласа, за владата да работи и служи на сите граѓани, ослободена од какви било стеги на некаква припадност” – изјави Зоран Заев.

Заев рече дека со ДУИ сè уште се преговара, но не сакаше да открива детали за да не станат преговорите „медиумски“, но вети дека штом ќе има нешто да се соопшти, тоа ќе биде објавено. Претседателот на СДСМ има 20 дена да состави влада, која што ќе биде изгласана од Собранието.

Тој посебно како заложба ја потенцираше намерата за спроведување на правосудните реформи и за потекло на парите на функционери.

-” Пред Собранието ќе испорачам предлог од квалитетни, одоговорни и отчетни луѓе, кои се решени да се борат со криминалот и корупцијата, и да се посветат најмногу на реформи на правосудството и проверка н апотеклото на парите” – рече тој.

Заев појасни дека најголем дел од програмата на владата што ќе ја состави сепак најмногу ќе биде посветена на македонската економија, „за платите и пензиите да растат, да вложуваме во младите и регионалниот развој, но и да водиме грижа и поддршка на стопанството“.

Мандаторот за состав на нова влада на Северна Македонија рече дека новиот кабинет нема да скршнува од патот кон ЕУ, ќе ги почитува Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, а посебно обрна внимание на почитувањето на Охридскиот рамковен договор и изрази посебна благодарност за покојниот претседател Борис Трајковски за неговата визија да прифати таков договор.

– Северна Македонија ќе добие влада за која е определено мнозинството, влада за правда и стабилност. Ќе добие влада која не знае да скршнува од патот кон ЕУ. Влада што ќе го почитува Преспанскиот, Договорот со Бугарија и Охридскиот дговор. Денеска, 19 години по потпишувањето на Охридскиот договор, сакам да им честитам на сите и да одддадам почит на претседателот Трајковски за големината да се прифати тој договор што овозможува безбедни односи меѓу заедници – рече Заев