Претседателот Зума ги повика граѓаните да не го посетуваат Израел

Сподели

Јакоб Зума, претседателот на Јужноафриканската Република (ЈАР), ги повика граѓаните на таа земјада не го посетуваат Израел за да на тој начин се солидализираат со Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).

„Не го посетувајте Израел за да тоа биде нашиот знак на солидарност со палестинскиот народ”, рече Зума во текот на обраќањето на одбележување на 105. годишнина од Африканскиот национален конгрес (АНК).

„Јужноафриканската Република ќе продолжи да пружа поддршка во борба на палестинскиот народ на патот на правдата”, рече Зума.

Изрази поддршка на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност со која се бара запирање на изградбата на илегалните израелски населби на окупираниот Западен Брег и Источниот Ерусалим.

„Палестина еден ден ќе ја постигне својата цел и сигурно ќе се избори за независноста”, истакна Зума.

Властите на Јужноафриканската Република израелската политика кон Палестинците ја сметаат за „апартхејд” каков што е оној од нивната земја во периодот од 1948-1994 година кога белците имале поголеми права од останатите.

Во Јужноафриканската Република постојат одредени мерки за да граѓаните на оваа земја кои поседуваат израелско државјанство не би служеле воен рок во Израел како и бирократски пречки за увоз на израелски производи.