Претставата „Кумови“ на Охридскиот театар премиерно на матичната сцена

Сподели:

На 20 октомври, во 20 часот на сцената на Народниот театар во Охрид премиерно ќе биде изведена претставата „Кумови“, пo текст на Душан Ковачевиќ и  режија на Билге Емин.

„Човечкото секојдневие, искушенијата и предизвиците со кои се соочува поединецот во животниот вител на овие простори и неизвесноста пред која е исправен, тоа се темите што ги третира најновата драмска поставка Кумови“, информираат од охридскиот Народен театар.

Во претставата настапуваат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. 
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска-Петреска, сценографијата на Татјана Христоска-Блажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.

Претпремиерата е закажана за 19 октомври со почеток во 20 часот.

Сподели: