Изложба “Сцени од ателјето” на македонската уметница Ивана Натески, во КИЦ Загреб, на 20 октомври, во 19 часот.

Добредојдовте во ” Сцени од ателјето”!
“…Цветот станува боја, плодот станува светлина, предметот добива приказна, а тишината на ателјето се претвора во слика.
Од тие малечки, (не)секојдневни или (не)видливи средби настана мојата најнова изложба „Сцени во ателјето“ како збир од акварели, во кои се среќаваат водата, пигментот, светлината и чувството.
Секој акварел, носи еден запрен миг, но и нешто од она што не може да се наслика до крај: расположението, споментот и тивката убавина на минливото..
Ве поканувам, да влезете во моето ателје, онаму, каде што бојата се разлева, светлината се менува, а обичните нешта за миг стануваат поезија.” – Ивана Настески.
“..Во акварелот ме привлекува токму таа можност, да не ја прикажам природата само онаква каква што ја гледаме, туку онаква, каква што ја доживуваме.. Една сцена од ателјето, а во неа, малку од природата и многу од чувството и ронка поезија.” – Ивана Настески.

За изложбата:
” ..Има Ивана и среќни цвеќиња и овде онде по некоја пеперутка.Тоа се оние со силни црвени, жолти, портокалови и циклама нијанси, за кои не знаеш кои латици им ги гледаш…Како животот под македонското Сонце – никогаш не знаеш дали ќе те изгори или помилува…”(фрагмент од текстот на Нина Шуловиќ Цветковска).


