Пријавување на уметници за учество на Европска Изложба 2020 #CREART

Сподели

 

Град Скопје ги потсетува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми од Скопје дека остануваат уште дваесетина денови за  да поднесат пријава за учество на Европската изложба во 2020 година која се оддржува во рамки на европскиот проект CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

 

 

Пријавата треба да се испрати најдоцна до 10 декември 2019 година (вторник) на следната е-маил адреса: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk

Град Скопје во 2020 година е еден од трите града партнери кои ја организираат патувачката Европска Изложба во 2020 година, редоследот по градови е следен:

– Авеиро (Португалија) од Мај до 28 јуни 2020 година;

– Џенова (Италија) во изложбениот салон на ,,Il Munizioniere inside Palazzo Ducale” од 13 јули до 22 август 2020 година;

– Скопје (Република Северна Македонија) во ЈУ Музеј на Град Скопје, од 25 септември до 30 октомври 2020 година.

Куратор и селектор на изложбата во 2020 година е Пиетро Дела Гиустина, роден во Парма, Италија, живее и работи во Клермон-Феран и Париз.

Јавен повик: www.skopje.gov.mk/media/4462/отворен-повик-за-европска-изложба-во-2020-година.pdf