Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“

Сподели

 

Пристигнаа 200.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм. Македонската армија се вклучува со поддршка за растоварување на камионите. 

Ова се првите дози од оваа вакцина, откако во нашата земја претходно дојдоа вакцини на Фајзер, Астра Зенека и Спутник В.

 

 

Вакцините се купени во директни преговори со производителот, изјавија од Министерството за здравство.

Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението.

Досега во државава се вакцинирани 60 000 граѓани.