Кинотеката на Македонија со голема чест најавува промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, која ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19 часот во просториите на Кинотеката.
Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.
Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.
Кинотека на Македонија, Скопје, 27 февруари 2026, 19 часот.
фото Кинотека


