Промоција на германското издание на „Одбројување“ од Фросина Пармаковска во Лајпциг

Сподели:

На 21 март, на Самот на книга во Лајпциг ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин.

Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар.

Романот „Одбројување“ во издание на Или-Или е добитник на наградата Роман на годината за 2017 година и досега има 3 изданија.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите:Пишувајќи ги изгубените топкиВишнова хроника, Одбројување (Роман на годината 2017), На враќање, Сè уште можам нешто да сторам (Рациново признание 2024)  и Кривата Дијана (награда Пегаз 2025).

Сподели: