Алтернатива Настани

Промоција на “Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“

Сподели:

 

Промоција на книгата “Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“ на Проф. д-р Марјан Димитријевски ќе се одржи на 12.септември во 11 часот во рамките на Саемот на книгата 2020, на отворен простор во промотивниот центар на комплексот А1 АРЕНА – СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Интернационалниот однос на големите сили кон малите народи и држави  е неисцрпна историска но и актуелна современа тема.

Токму за оваа проблематика зборува најновата книга на Проф. д-р Марјан Димитријевски  во издание на Институт за национална историја-Скопје под наслов: “Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“.

Книгата е базирана на  најнови научни истаржувања во домашни и странски архиви.

Промотор на книгата е Генерал Павле Арсовски.

 
 
Сподели: