Промоција на книга „Ѕвездено дете“ – Ване Костуранов

Сподели

Промоција на книгата „Ѕвездено дете“ и дружење со авторот и илустратор Ване Костуранов на 18. април 2018 година, со почеток во 19 часот во „Литература.мк“ на улица „Македонија“.

Промотор: Билјана Црвенковска

Краток опис на книгата:

Ѕвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив.

Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…

„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.