Промоција на книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов

Сподели

На 3. јули со почеток во 19 часот во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, ќе се одржи промоција на книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов.

„Македонска традиционална медицина“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 129 лековити билки што растат во Македонија, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде д-р Ненад Златановиќ.