Промоција на книгата „Мистериозен спектакл“ од Катја Андреева во КИЦ Софија

Сподели

 

Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија денеска, 15 декември, ќе се одржи промоцијата на книгата „Мистериозен спектакл“ од Катја Андреева.

Првата книга на Катја Андреева ја следи логиката на долгогодишното поетско и сценско искуство, поврзано со изведби на авторски спектакли, перформанси, претставувања во формати како што се фестивали, литературни читања, учества во театарски работилници.

Промоцијата на книгата, која е издание на „Херон прес“ од Софија, ќе биде збогатена со учество на Меглена Божанова – ликовна уметница, Ана Танчева – актерка, Цветелина Малџанска – сопран и Надежда Малчева – пијано.