Промоција на книгата „Разговори со Унковски“ од Зоја Бузалковска

Сподели

 

 

Кино Култура, РАЗГОВОРИ СО УНКОВСКИ на Зоја Бузалковска, 3. октомври 

По 20 години перипетии, излезе од печат книгата РАЗГОВОРИ СО УНКОВСКИ на Зоја Бузалковска.

Ова е книга разговори на ученичката со својот учител (еден доживотен статус) низ повеќе фази, темелен теориски труд и практичен учебник, кој на едноставен начин отвора суштински дилеми, мисли, изградени ставови, чувствувања, врзани со театарот на Слободан Унковски, со неговиот сценски ракопис, со пристапот или методот на мајсторот, со неговото битие, со неговиот толку посебен свет, кој најдиректно и најотворено го споделува и со нас. Разговорите се водени во три наврати: во 1999 година, во 2010 година и непосредно пред издавањето на книгата, кон крајот на 2018 година. На крајот, книгата си дојде дома, па така, издавач е Театар на навигаторот Цветко.

Промоцијата ќе се одржи во Кино Култура, во четврток, 03.10.2019 година во 20 часот, во возбудлив состав на промотори – Искра Гешоска, Воја Брајовиќ, Јовица Михајловски и Бранко Цвејиќ.