Промоција на монографијата „Ристо Стефановски“ во Драмски театар

Сподели

 

Светскиот ден на театарот, 27 Март, НУ Драмски театар ќе го одбележи со промоција на монографијата „Ристо Стефановски“. Промоцијата ќе се одржи денеска (27 март) во 18:00 во фоајето на Театарот.

Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска, теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата. 

− Програмската активност продолжува со именување на големата театарска сала во сала „Ристо Стефановски“, со што неговиот влог во развојот на театарот не се препушта на заборавот и станува потсетник и за идните генерации. Именувањето на големата театарска сала  е во 19:00 часот. Програмата продолжува со изведба на театарската претстава „Мојот маж“, во режија на Нела Витошевиќ, со почеток во 20:00 часот − информираат од НУ Драмски театар Скопје и потсетуваат дека влезот за претставата е слободен.