На 21 јуни 2026 година (недела) незаборавен ден исполнет со природа, рекреација и автентични вкусови од Преспа и Охрид! Липова Ливада, Национален Парк Галичица
Во рамките на настанот Tour de Galicica 2026, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во Саем на локални производи, каде ќе бидат претставени традиционални и домашни производи од регионот – мед, сирења, овошје, чаеви, ракотворби и многу други локални специјалитети.
Поддржете ги локалните производители. Уживајте во велосипедската тура низ прекрасните предели на Галичица. Доживејте ја уникатната природа помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. Поминете пријатни моменти со семејството и пријателите
Вози низ природата, вкуси го регионот!


