Промоција на монографијата “Вечните симболи” во Метаноја

Сподели:

Промоција на “Вечните симболи” – монографијаа за творештвото и животот на академскиот сликар Александар В. Настески придружена со кратка ретроспектива, од авторките Ивана и Маја Настески, и Зоран Андонов.

Промоцијата ќе се одржи во Метаноја галерија – Скопје, на 18 ноември, во 19 часот.

Монографијата “Вечните симболи” е посветена на животот и творештвото на нашиот татко, академскиот сликар од Тетово, Александар В. Настески и ќе биде придружена со ретроспективна изложба од Александар В. Настески.

“Долго и напорно ја подготвувавме оваа книга, за која вредеше секоја наша длабока емоција и неброени разговори на сите вклучени во овој проект”, изјавија авторите.

“Настески, сликајќи го бескрајот одамна, го заслужи овој книжевен белег, за кој веруваме, дека ќе допре до сите вас!Дојдете на едно патување низ времето!”

Сподели: