Алтернатива Настани

Промоција на националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“.

Сподели:

ksenofobija

На 23 и 24 септември во Мобилната/монтажната галерија ЦАЦ во Паркот на франкофонијата во Градски парк и во Капан ан во Стара чаршија, ќе се одржат низа настани за промоција на националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“.

„Овие настани имаат цел заедно да потсетиме дека сите ние имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно и дека сме способни да ги надминеме стравот од туѓинци и омразата кон поинаквите од нас“, велат организаторите.

 

Во петок, сабота и во недела ќе има богата музичка програма, интересни дискусии, работилници, изложби.

За промотивните активности од националната кампања, беше проширено партнерство на ФООМ и со Младински образовен форум, АКТО-ФРУ/ПОП АП АКТО фестивал, Фондација Метаморфозис и Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, а како резултат на тоа произлезе и соработката и придонесот кон овогодинешната програма на ПОП АП АКТО фестивалот во Скопје, со што беше овозможена отворена комуникација и соработка со уметноста во промоцијата на човековите права и слободи.

Со овој настан завршуваат активностите кои Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ги спроведуваше во рамки на концептот Хуманитарна и правна помош за мигранти од 1 септември 2015 година наваму, а во соработка со партнерските организации Легис, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

 

Сподели: