Алтернатива Настани

Промоција на романот „Патот за Мека“ од авторот Мухамед Асад

Сподели:

 

Промоција на романот „Патот за Мека“ од авторот Мухамед Асад, во Музеј на Македонската борба, на 18 февруари, во 18 часот.
 
 
Издавачот „Белиг“ има издвоено бесплатен примерок од романот за сите гости на промоцијата.
Промотор на книгата ќе биде академик Ферид Мухиќ.
 
 
Повелете неколку рецензии за книгата:
„Единствена книга. Нејзините впечатливи тонови долго време нема да исчезнат од сеќавањата.“
New York Herald Tribune
„Најоткривачки човечки документ кој кога било е составен, уверлив и полн со мисли, набиен со колорит, збиднувања и анегдоти, сосема фасцинантен.“
St. Lous Globe-Democrat
„Обземен од арапската традиција, исто како Ричард Бартон, а авантуристичен како Т. Е. Лоренс, Мухамед Асад нуди сличен спој на бестрашни акции и мисловни забележувања. Покрај тоа, тoј ги надминува обата претходника како прозен мајстор на стилот и толкувач на муслиманското верување.“
New York World
„Извонредно вдахновена автобиографија… Ги соединува авантурата и драмската убавина на добар патопис, невообичаена информираност за работите на Блискиот Исток и длабоко мисловен приказ како еден човек го наоѓа својот сопствен пат.“
Сподели: