Денеска, четврток, 27 ноември, од 19ч во кафе-бар „Љубов“ ќе се одржи промоција на стрипот „Назазан“ од Јана Марковиќ.
Самиот стрип е фузија од хорор и иронија, која истражува малку потемна страна на човечката потсвест и нејзиниот удел во нашите одлуки. Преку концептот на прикажување вистини во сонови и интуиција, се разгледува како игнорирањето на истите се одликува врз животот.
На настанот ќе има музика: KRONOM ( @dimitarkronom ): тематски селектирано, со штандови и артисти:
@_mrcreate_ : дизајн и визуелна уметност, чиј штанд ќе има тематски додатоци и специјални декорации
@sshahpaska_art : 3Д уметник и илустратор, чиј штанд ќе има до-сега неизложени додатоци и скулптури, инспирирани од јапонска анимација и видео игри
mih4jlovski, @barak__art


