Алтернатива Настани

Отворен ден за љубителите на кучиња во „Лајка“

Сподели:

 

Со цел подигнување на свеста за вдомување на бездомни кучиња, на 29. април прифатилиштето на ЈП “Лајка” организира ОТВОРЕН ДЕН за љубителите на кучиња.

Сите оние кои сакааат да придонесат волонтерски за подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња можат да испратат меил на volontiraj@lajka.com.mk и да бидат дел од отворениот ден, кој се организира еден ден порано поради празничниот продолжен викенд.

Одбележувајќи го овој ден ги охрабруваме сите заинтересирани граѓани кои размислуваат да вдомат миленик, да вдомат некое од прекрасните бездомни кучиња кои се згрижени во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Воедно им се заблагодаруваме и на граѓаните кои веќе вдомија и го избраа својот најдобар другар токму од Лајка, велат од таму. 

 

Вдомувањето на куче не само што го спасува неговиот живот, туку ги подобрува сопственото психофизичко здравје и среќа.

Со вашето хуманo дело придонесувате за намалување на популацијата на бездомни кучиња на територија на град Скопје.

Секое вдомено куче, значи едно куче помалку на улица.

Сподели: