Пронајдени починати лица во стан и на паркинг

Сподели

СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.Г.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 23.06.2025 во фризерски салон во Битола, пријавениот со закани кон едно лице одзел пари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 01.05.2025 во СВР Куманово, пријавениот, приведен во полициска станица, агресивно се однесувал, при што нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и А.З.(49) од с.Порој, сопственик и управител на правниот субјект, како и против правен субјект од Тетово и Е.Б.(32), управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против Г.Г.(49) од с.Голема Речица, тетовско, вработен во општина Тетово, во Одделение за градежна инспекција поради постоење основи на сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2024 година двата правни субјекти од Тетово и нивните управители А.З. и Е.Б, во својство на инвеститори за изградба на станбено деловен објект за продажба, постапиле спротивно на одобрение за градба издадено од општина Тетово за градење на станбен и деловен објект-А2 на катастарски парцели на КО Тетово, додека Г.Г., во својство на раководител во Одделението за градежна инспекција во општина Тетово, извршил инспекциски надзор и не утврдил недостатоци при изградбата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(19), И.Н.(19), двајцата од Тетово, и А.И.(22) од с.Селце, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.11.2024 во угостителски објект, помеѓу пријавените настанала физичка пресметка, што продолжила и надвор од објектот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.И.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.10.2024 и 04.02.2025 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени и одземени амфетамин и метамфетамин.

Денеска (01.07.2025) во 00.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“, ул.„24-ти Октомври“ и ул.„Братство-единство“ во Струмица патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од с.Градошорци, општина Василево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.М.(18), констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 30.06.2025 во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот. Во несреќата,  со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

На 30.06.2025 во 16.10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје, затоа што при извршена гранична контрола е констатирано дека евидира на „стоп“ листа, по наредба од Основен суд Скопје, за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 став 3 од Кривичниот законик на РСМ. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 30.06./01.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.А.(36), А.И.(21), Ч.Д.(34) и А.Е.(48) сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема. Во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 29.06.2025 во 22.20 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(35) и Д.Ш.(26), двајцата од с.Сарај,скопско, поради тоа што околу 18.00 часот во с.Долна Матка,скопско, физички го нападнале А.Ј.(49) од с.Глумово, скопско, и неговиот син, а по кратко време повторно го нападнале пријавителот, при што употребиле и тврд предмет и му нанеле тешка телесна повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.06.2025 во 18.15 часот во СВР Скопје Б.И.(24) од Скопје пријави дека околу 13.30 часот во с.Сарај,скопско, бил физички нападнат од Е.А. од с.Сарај и З.Ш. од с.Крушопек,скопско, а употребени биле тврд и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје 29-годишен маж пријави дека на 29.06.2025 околу 17.00 часот на паркинг на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата партнерка И.Т.(26). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2025 во 21.08 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Д.(60) од с.Волково, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.

На 30.06.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.К.(56) од Скопје, по претходна пријава дека со употреба на остар предмет упатила закани кон нејзината сосетка М.А.А.(39) и нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На  30.06.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 30.06.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

На 30.06.2025 во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.