Вести Македонија Ударни вести

Проштална средба на Пендаровски со францускиот амбасадор Тимоние

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

 

 

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Претседателот истакна дека Северна Македонија во Франција гледа сојузник во остварувањето на стратешките цели.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на четиригодишниот мандат на амбасадорот Тимоние двете држави станаа сојузници во НАТО, и беше донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го истакна значењето на поддршката што Франција ја дава на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот, посочувајќи дека по усвојувањето на новата методологија за водење на преговори, на државите-кандидати им е овозможено интеграцијата во ЕУ да се одвива преку имплементација на темелни реформи.

Претседателот Пендаровски му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за севкупниот негов дипломатски ангажман во нашата држава и му посака успех на личен и на професионален план.

Сподели: