Прскање против комарци во Скопје

Сподели:

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7-ми мај (четврток), во раните утрински часови, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Сподели: