Одбележување на Денот на македонскиот јазик

Сподели:

Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам.

Комисијата за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески, поздравно обраќање и отворање на настанот ќе имаат Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието.

Тематско обраќање ќе биде Важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на граматиката на Круме Кепески, на кој ќе учестваат Даниела Христова, Иванка Василевска, Велика Стојкова-Серафимовска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и проф. д-р Јованка Кепеска.

Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик во целата република. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.

Сподели: