Алтернатива Настани

Прва изложба на “Комбајн Арт Колектив” од Тетово

Сподели:

12661851_463897197148581_668038784381813478_n

На 8 јули беше реализирана првата изложба на мулти-етничкото здружение за култура “Комбајн Арт Колектив” во уметничката галерија во Тетово. Изложени се 40-на цртежи, работени од ноември минатата година. Од септеври најавуваат нови уписи на млади таленти  кои ќе траат еден месец, а од октомври ќе почнат со учење на нови техники. Ова мулти-етничко здружение цела година работеше финансирајќи се од сопствени средства, а за оваа изложба биле потмогнати од Министерството за култура.

“КОМБАЈН -Арт Колектив” е здружение за култура и уметност, со седиште во Тетово. Формирано е Ќод група на млади ентузијасти, кои имаат за цел, издигнување на културата во градот и Македонија. Формирано е од 5 членови: Славчо Максимовски -Академски графичар, Оливер Маринкоски-Академски скулптор, Бадеме Спахиу- Академски сликар, Гоце Симоноски- Aкадемски музичар (Професор), Глигор Кондовски-Академски музичар (виолинист).

Здружението има за цел промовирање на културата и уметноста, а за таа цел опфаќа и повеќе категории меѓу кои: сликарство, графика, скулптура, графички дизајн, музика, театар, филм, фотографија, поезија, литература.
Нивната цел исто така е формирање на работилници, кампови, преку кои ќе се едуцираат млади љубители на уметноста, одржување на изложби, ликовни колонии, концерти, перформанси, арт стрит настани, драмски претстави, снимање на филмови, литературни читања и слично.

Сподели: