Прва регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Битола

Сподели

Во сабота, 21 октомври на Технички факултет во Битола, ќе се одржи првата Регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Македонија. Студентите и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да слушнат предавања и дискусии кои ја промовираат индивидуалната слобода.

Главен говорник на конференцијата е извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс, Брајан О’Шеа, кој во Битола ќе зборува на тема „Разоткривање на шпионажата“. Во своето предавање О’Шеа ќе говори за тоа како може да се препознае разузнавањето и како да се заштитиме од истото.Брајан има повеќе од 20 години искуство во областа на истраги и разузнавање, работејќи како воен разузнавач за две специјални единици и две државни агенции.

За политичките аспекти на слободата, на конференцијата ќе зборуваат деканот на Правниот факултет при УКЛО, Горан Илиќ и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Ненад Марковиќ. А освен тоа посетителите на конференцијата ќе имаат можност да слушнат предавање и за медиумите и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.

Адвокатот Јанаки Митровски и програмскиот директор на Европски студенти за слобода, Александар Кокотовиќ, двајцата активисти за легализација на канабисот, ќе одржат предавање на таа тема, на кое што ќе ги претстават потребните реформи во насока на легализација на канабисот и слободарскиот активизам кој што го попратува движењето.

Конференцијата е закажана за почеток во 12 часот на Техничкиот факултет во Битола, а пријавувањето за истата се врши онлајн на следниот линк: https://www.esflconferences.org/event/bitola-regional-conference/.