„Ако сметки на граѓаните стигнуваат секој месец, броилата се читаат на секој три месеци. Тоа во пракса значи дека од три месеци за два месеци сметките се на база на претпоставка, и сега со таа претпоставка вие ќе влезете во друга тарифна зона, бидејќи сега сметките се рачунаат скалесто, и ќе преплатите неколку пати повеќе од тоа што сте потрошиле струја. Доволен показател за тоа колку добро се саморегулираат ЕВН е што тие некои месеци имаат и до 15 илјади поплаки.
Петте најголеми рудници имаат некаде околу 265 милиони евра приходи. Од тие 265 милиони евра приходи, државата зема едвај 4%, максимум до 5%. Ако ставите тука и данок од 10% на добивка, државата зема годишно меѓу 14 и 15 милиони евра. Со сите рудници отворени во Југоистокот, за некои си 15 до 20 милиони евра од концесии, ние треба да ја уништиме една од најплодните почви во Југоистокот, во која што живеат околу 150 илјади граѓани. Тоа е регион кој што буквално нè храни.
Вие го социјализирате трошокот, ја социјализирате штетата, ја делите на сите, додека го приватизирате профитот, и го делите само на определени индивидуи, капиталисти, во нивните приватни џебови.“ – излагање на пратеникот Борислав Крмов по однос на Интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.


