Алтернатива Настани

Работилница за дизајн во куклениот театар „Детска светлина”

Сподели:

16 јуни 15.00 – 18.00
17 јуни 15.00 – 18.00
18 јуни 10.00 – 11.00Во рамките на четвртото издание на Фенер 2017, како дел од програмата за професионална надоградба, ќе се одржи работилница за дизајн во куклениот театар со Грета Клоу.

Грета Клоу е дизајнер, актер и режисер за куклен театар, по потекло од САД, која во моментов создава и живее во Исланд.

Во текот на работилницата, учесниците ќе поминат низ процес на создавање на кукла, поминувајќи забрзано низ сите фази на процесот: креирање на визуелен и карактерен концепт, план на можностите за движење на куклата, технички цртеж, избор на материјали, реализација. Куклите ќе се работат според однапред зададената тема „Детска светлина”.

Последниот ден од работилницата е планиран за поставување на изложба со изработените кукли во просторот на фоаjето на МОБ.

Работилницата е наменета за лица над 16 години. Работилницата е бесплатна, се наплаќа котизација за материјали и алат во висина од 800 ден.

Пријави на budenteatar@gmail.com

 

Сподели: