Распознавање на различни видови на насилство

Сподели:

Физичко, психолошко, вербално, социјално или онлајн – секоја форма на насилство остава трага. Училиштето мора да биде простор каде секое дете се чувствува безбедно, поддржано и почитувано.

Преку темата „Превенција и заштита од насилство“, во новиот „Водич за создавање наставни ресурси наменет за едукаторите од основните и средните училишта во Република Северна Македонија“, ќе најдете практични активности, насоки и алатки кои ќе ви помогнат:

– да ги информирате учениците,

– да ги поттикнете да се спротивстават на насилството,

– и да изградите училишна култура со нулта толеранција за насилство.

  • Ајде заедно да создадеме инклузивна атмосфера,каде насилното однесување ќе се препознае и ќе пружиме поддршка при негово пријавување. Водичот може да го најдете на следниот линк: 🔗https://link.innovationlab.mk/b1xcaxm⬅️

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA , во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC , Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски е поддржан од Детската фондација „Песталоци“ – Kinderdorf Pestalozzi .

Сподели: