Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (голем амфитеатар, А3), денеска (четврток, 16 мај) во 13:00 часот ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“.
Учесници на разговорот, што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го води Ѕвездан Георгиевски.
Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.