Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Република Северна Македонија во Брисел го започнува процесот на објаснувачки скрининг

Сподели:

 

Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот. На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања – Бојан Маричиќ, а збор ќе земе и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси. Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено на овој ќе тече и уште н еден со процесот на билатерален скрининг.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери.

Календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската Комисија.

Сподели: