Вести Македонија Ударни вести

Хелсиншки комитет: Најчест случај на дискриминација е во областа на работните односи

Сподели:

Најчест случај на дискриминација во Македонија е дискриминацијата во областа на работните односи, а најчест вид на дискриминација во работните односи е онаа по основ на пол. Тоа се содржините на две од вкупно 30 картички, напишани на македонски и на албански јазик, што Хелсиншкиот комитет за човекови права ги подготвил за подигање на свеста за работничките права.

„Во насока на подигнување на свеста за работничките права во Република Македонија, Хелсиншкиот комитет подготви серија картички наменети за објавување на социјалните мрежи, кои содржат информации за законски уредените права на работниците и како да се постапи во случај на нивно прекршување“, информираат од таму.

Меѓу информациите презентирани во картичките се и следниве:

– Најголемиот број на претставки до Државниот трудов инспекторат се во врска со плати и надоместоци,

– Просечната стапка на пораст на судските спорови од работен однос во последните три години изнесува 33,65%.

– Во последните три години просечен рок на решавање на работни спорови во Основен суд Скопје II Скопје е 5 месеци, што е под максималниот законски рок од 6 месеци.

– Во Основен суд Скопје II Скопје има само 6 судии за работни спорови кои во последните три години работат во просек по 2.736 предмети годишно.

– 82,60% од испитаниците се изјасниле дека ним или на некој нивен близок им биле загрозени работничките права, но само 22,29% навеле дека ги искористиле институционалните механизми за заштита на работничките права.

Сподели: