Алтернатива Настани

Ретвитни оброк #127 Подари храна, зготви од срце!

 

Ретвитни оброк #127 Подари храна, зготви од срце!

Спомен Куќата на Мајка Тереза, 26.август

Ретвитни оброк сме сите и се повеќе! Хранливата иницијатива секоја сабота подава рака на нашите сограѓани кои не можат да си дозволат топол оброк. Помогнете и вклучете се на начин кој најмногу ви одговара 🙂

Секој може да се вклучи:
– Можете да зготвите онолку колку сте во можност оброци од дома и спакувајте ги во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје, гравче, ориз…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и така да им овозможите на луѓето кои ќе готват дома да направат повеќе оброци.
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк! ♥
За било каква информација, пишете ни на Ретвитни Оброк групата.

Сподели: