РК Алкалоид испишува нова страница во клупската историја

Сподели

 

На 17. октомври, вторник, тимот  на РК Алкалоид, ќе го одигра својот прв меч во европските клупски натпреварувања.
 
Противник на премиерата во Скопје во Европската лига на EHF ќе му биде екипата на РК Војводина од Србија, актуелен првак на Србија и освојувач на Купот на EHF.
 
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 20:45 часот. Билети за натпреварот ќе може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets.
 
Бидете дел од првиот европски натпревар на РК Алкалоид! Ве очекуваме во сала!