Вести Свет Ударни вести

Романски новинар пронајден мртов

Сподели:

Романската полиција истражува сомнителна смрт на познат новинар кој е пронајден мртов во неговиот дом во Букурешт, пренесува МИА.

Портпаролот на романската полиција, Романеску изјави дека новинарот Андреј Георге починал под сомнителни околности.

Георге работеше како радио и Тв новинар по уривањето од власт на Николае Чаушеску во 1989 година. Тој стана познат по острите коментари за актуелните настани и за локалните политичари.

Истрагата за причината на смртта е во тек.

Сподели: