Вести Став Ударни вести

Ромео за РСЕ: Подготвени сте за преговори, треба да ја исправиме грешката во март

 

Италија останува на позицијата дека отворањето преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да биде во пакет со Албанија, зашто и двете земји постигнале напредок во реформите, вели италијанскиот амбасадор Карло Ромео во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој се надева дека дебатата за новата методологија нема да се претвори во нов услов и одложување на отворањето преговори.

Амбасадоре Ромео, дали новата преговарачка методологија за членство во ЕУ ќе ја искомплицира процедурата за отворање преговори со Македонија?

Политиката за проширување е сè уште фундаментална и суштинска политика на ЕУ. Се согласивме дека ЕУ треба да е поподготвена за нови проширувања. Како и да е, мислиме дека новата методологија може да се одвива паралелно со реформите на ЕУ. Значи може да се одвива паралелно со процесот на отворањето преговори, што по природа е долг процес, технички и се базира на мерит-системот за секоја потенцијална членка посебно. Во контекст на оваа рамка, Италија се согласува дека ќе учествува во преговорите за новиот предлог за методологија и нашата цел е да имаме поефективен процес, кредибилен и политички предвидлив. Нашата идеја која е на нон-пејпер кој Италија заедно со други ЕУ земји-членки ја презентираа, е со конкретни реформи за оваа методологија, идејата е сосема спротивното. Не да го комплицираме процесот, туку да имаме поефективен, политички предвидлив динамичен процес.

Гледате ли шанси за датум за преговори на претстојниот самит во мај во Загреб?

Позицијата на Италија е многу јасна и транспарентна. Ние се надеваме дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ многу брзо. Се надеваме дека тоа ќе биде на следниот Совет на ЕУ во март. На самитот во Загреб, ЕУ-Западен Балкан, нема да има одлука за отворање преговори, тој самит нема да биде за тоа. Нашата надеж е преговорите да се отворат што поскоро, првата можност за тоа ќе биде Советот во март. Северна Македонија ги исполни сите критериуми за да ги отвори преговорите, заедно со Албанија. Тоа е одлука која ние ја заземавме уште во 2018 година, потоа лани во јуни и на за жал разочарувачкиот самит во октомври минатата година. Значи, земјата е подготвена да почне преговори.

Интервјуто со италијанскиот амбасадор Ромео за РСЕ, во целост прочитајте го тука.

 

Сподели: