Ротердам: Откажан е концерт поради закана, истрагата во тек

Сподели

Холандската полиција ја продолжи истрагата за терористичката закана во Ротердам, поради што минатата ноќ беше откажан концерт на еден американски рок бенд, а едно лице беше уапсено, јавува Anadolu Agency (AA).

Холандската полиција по заканите уапси возач на комбе со шпански таблички. Во возилото, кое беше пронајдено недалеку од местото каде што требаше да се одржи концертот, биле пронајдени плински боци.

Портпаролот на полицијата, Гијс ван Нимвеган, рече дека полицијата денес ќе ја информира јавноста за деталите на истрагата.

Концертот на американскиот бенд беше откажан вчера вечер, откако шпанските власти ја известија холандската полиција за можна закана.

Градоначалникот на Ротердам Ахмед Aбуталеб вчера изјави дека сѐ уште не е познато дали комбето е поврзано со дојавата за терористичка закана.