Вести Свет Ударни вести

Русија бара итен состанок на Советот за безбедност во ОН за Сирија

Сподели:

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата во Сирија.

– “Приоритет е да се избегне опасност за војна” – изјави претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, по седница на СБ посветена на Сирија.

Тој ги повика САД и сојузниците да се воздржат од воени дејствија против Сирија поради наводниот хемиски напад во Дума.

 На состанокот не била разгледана нацрт-резолуцијата на Шведска за мисија на ОН за хемиско разоружување на Сирија.
Сподели: