Митрески: Сѐ што Собранието ќе го донесе како заклучок ќе биде задолжение за Владата

Сподели

 

Изјава за медиуми, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

 

Колегите пред мене дискутираа за нешто во јавноста се создава како фама, а е дел од политичкиот фолклор, прво дека нешто недостасува во информацијата и да се стори впечаток дека нешто се крие во јавноста и дека нешто требало да се протурка на мала врата што не е точно и не е вистина, се она што е доставено од Владата до Собранието и доставено до сите пратеници, денес на координација кај претседателот Џафери каде присуствуваа и владини претставници, договоривме дека дополнувањето на материјалите коишто се јавно достапни ќе бидат доставени до пратениците во текот на денот или утрешниот ден.

Меѓутоа, зошто кажувам политички фолклор, вие бевте сведоци и на средбата во клубот на пратеници и таму разговаравме 3-4 часа, ако овие материјали не биле достапни што сме правеле тогаш врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, така што затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор. Меѓутоа еве да го разбиеме и тој аргумент и тие материјали ќе бидат дополнително доставени.

Исто така, бидејќи добивам многу прашања, дали ќе има понатамошни средби во однос на заклучоците, знаете и сами дека таа средба беше за да донесеме заклучоци после дискусијата за ифнормацијата и фактички тие заклучоци се предмет на гласање и за овие заклучоци пратениците се изјаснуваат и од друга страна имавме предлози за промена во преговарачката рамка за што не е возможно, не можеме ние да побараме од Владата да прави промени во преговарачката рамка што ја доставува ЕУ. По таа логика ние треба да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка.

Во однос дали ќе се одржат нови средби јас ја повикувам опозицијата да разговараме во однос на тоа дали ќе се усвојат предлог- заклучоците, со овие предлог -заклучоци ќе ги разбиеме сите дилеми во јавноста за македонскиот јазик, за историјата и билатералните прашања за образованието и за посебноста на македонскиот народ, посебноста со сите нејзини елементи за идентитетот. Се она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години.