САД ги повикаа своите државјани во Саудиска Арабија на внимание од можни напади

Сподели

Американската амбасада во Ријад ги предупреди своите граѓани во Саудиска Арабија да бидат претпазливи поради можните терористички напади во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Амбасадата на американските граѓани им се советува да бидат претпазливи кога патуваат во подрачја каде што има многу странски државјани, бидејќи постои опасност од терористички напади на ДЕАШ и на Ал Каеда.

На државјаните на Соединетите Американски Држави им се апелира подобро да размислат доколу сакаат да ја посетат Саудиска Арабија и да не патуваат, освен ако тоа е неопходно, бидејќи можно е да се изведат терористички напади во кој било дел од земјата.