Ваутер Пломп: СЈО е исклучително важна институција

Сподели

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп во неделното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека СЈО е исклучително важна институција за успехот на договорот од Пржино и надминување на политичката криза. Тој вели дека треба да му се дозволи на Специјалното обвинителство да ја исполни важната улога која му била доделена и да ја заврши својата работа и дека Холандија секогаш ја поддржувала оваа институција.

Според Пломп, приоритети на новата Влада треба да бидат подобрување на животот на сите граѓани во државата, владеењето на правото, отчетноста, инклузивноста, и погенерално спроведувањето на реформите кои ќе ѝ овозможат на Македонија да влезе во Европската унија и НАТО.

Тој истакна дека особено е важно да се посвети внимание на подобрување на судството и слободата на медиумите.