Sakura Festival во Скопје: Културно-едукативен настан од јапонската традиција

Сподели:

На 18 април 2026 година, во Парк „Авионче“, ќе се одржи Sakura Festival, културно-едукативен настан, кој има за цел да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена програма.

Настанот ќе се реализира од 12 до 15 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури.

Програмата на фестивалот опфаќа:

  • Музички дел со настап на DJ
  • Едукативна работилница „Играме И-ГО“ со професор Јошио Којама, насочена кон промоција на стратегиското размислување преку традиционалната јапонска игра
  • Презентација на јапонски боречки вештини, со акцент на дисциплина, техника и културно наследство

Sakura Festival има за цел да поттикне културна размена, едукација и социјална интеракција, притоа создавајќи уникатно искуство инспирирано од симболиката на сакура – цвет кој во јапонската култура претставува убавина, обновување и хармонија.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром и е отворен за јавноста и се очекува да придонесе кон збогатување на културната понуда во градот, како и кон зајакнување на интересот за интернационални културни содржини.

Сподели: