Алтернатива Настани

Самостојна изложба на Ангел Димовски-Чауш во МАНУ

Сподели:

 

Денеска, со почеток во 20 часот, во просториите на ликовниот салон на МАНУ ќе се отвори самостојната изложба на македонскиот скулптор, Ангел Димовски – Чауш.

Изложени ќе бидат шеесет дела кои се изработени од бронза, дрво, алуминиум и мермер, а го претставуваат авторовиот труд од изминатите 50 години. На изложбата ќе бидат поставени и нови дела на Чауш, кои се изработени во последните неколку години, а кои досега не се изложувани.

Изложбата ќе биде отворена од Академик Васко Ташковски и ќе трае до крајот на март.

Влезот е бесплатен.

 

 

*Ангел Димовски – Чауш се образувал во Училиштето за применета уметност во Скопје, потем студирал Историја на уметност со археологија, а во 1984 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност на отсекот за вајарство со театарска, филмска и телевизиска сценографија. Зад себе има 12 самостојни изложби во земјава и во странство, член е на ДЛУМ и на Француското друштво на ликовни уметници од 2002 година. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои во 1993 – прва награда на биенале за ситна пластика  наградата „Јордан Грабул“, наградата на ДЛУМ, „Димо Тодоровски“, наградата „Вангел Коџоман“ за најдобра изложба и многу други.

Сподели: