Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 164 возачи во Скопје – 14 без возачка дозвола

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 29 возачи, 14 санкции за возење без возачка дозвола, шест за возач почетник.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци и 53 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Сподели: