Санкционирани 181 возачи во Скопје – 30 под дејство на алкохол

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 30 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.