Санкционирани 59 возила со кои се врши јавен превоз

Сподели

 

Денеска Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 59 возачи. При контролата, 34 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 27 возила имале неисправен уред за запирање.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.