Вести Македонија Став Ударни вести

СДСМ: Државата ќе спроведе попис по сите стандарди

Сподели:

 

 

“Секогаш кога се работи за прашања важни за државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ или нема став или ако го има е целосно спротивен на интересите на граѓаните и државата. Така е со пописот, на чие спроведување согласно прописите и стандардите на ЕВРОСТАТ, ВМРО-ДПМНЕ силно се противи. ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Мицкоски се збунети, соочени со внатрешни превирања, но тука не можеме да им помогнеме.

Пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не сакаат пописот да биде политичка политичка операција туку статистичка, како што е правилно.

Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пропадна и се потрошија над три милиони евра народни пари.

18 години не е спроведен попис во земјава и недозволиво е да се одложува затоа што е потребен за развојот на татковината. Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, колку и тоа да им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ”.

соопштение, СДСМ

Сподели: